Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 52 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-22, Струга-07, Кичево-17, Дебар-06). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршиле 06 контроли во угостителски и други објекти (Струга-22, Кичево-03). Во овој период, регистрирани се 05 прекршување на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. (Охрид-01, Струга-03, Кичево-01). Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews