Едно лице загина, а две лица се здобиле со тешки полесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи вчера, во 18 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај лучката за влез кон Славеј Планина, на потегот помеѓу селата Песочан и Арбиново, општина Дебарца.

Сообраќајната несреќа се случи помеѓу патничко возило „Фолксваген бора“, со кичевски регистарски таблици и „Цитроен џампер“, со скопски регистарски таблици. Возачот од „Фолксваген бора“ загинал, а возачот и сопатникот од автомобилот „Цитроен џампер“ со тешки телесни повреди се хоспитализирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

На местото на незгодата увид извршија полициски екипи, судски вештак и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција врз починатиот.

OhridNews

 

Тешка сообраќајна несреќа кај Арбиново