На магистралниот пат Ќафасан–Подмоље, вчера, во 21.30 часот се случила сообраќајна незгода во која тешко е повредено едно лице.
- Сообраќајната незгода се сучила помеѓу патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И. (22) од село Радолишта и влекач „МАН“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М. (39) од Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид, стефан Димоски.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Ауди“. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршила екипа од полициската станица Струга.
OhridNews