По примерот на Жозе Муроњо, италијанскиот стратег Карло Анчелоти  го состави „дрим тимот“ од фудбалери кои ги тренирал во досегашната тренерска кариера.

Популарниот Карло во тренерската одисеја тренирал екипи како Јувентус, Милан, Челси, Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ…и затоа „дрим тимот“ изгледа импозатно. Но во идеалните 11 место нема за Кристијано Роналдо со кој Анчелоти соработуваше во Реал Мадрид.

Најмногу фудбалери во идеалниот состав на Анчелоти има од Милан. „Росонерите“ имаат вкупно пет свои претставници а по два имаат Јувентус, ПСЖ и Челси.

Дрим тимот на Анчелоти:

Голман: Буфон (Јувентус)

Одбрана: Кафу (Милан), Тијаго Силва (ПСЖ), Тери (Челси), Малдини (Милан)

Среден ред: Лампард (Челси), Пирло (Милан), Зидан (Јувентус)

Напад: Кака (Милан), Ибрахимовиќ (ПСЖ), Шевченко (Милан)

OhridNews