На ист простор (плоштад) на растојание од педесетина метри две различни работни „приказни“. Од организациониот одбор на „Богојавление“ работеа на поставување бини и припрема на просторот за „скокачите“, а од скопската фирма задолжена за новогодишно украсување на градот работеа на симнување светлечките кабли и украси. За украсување на градот им требаше околу една недела, а за „собирање“ на работите рекоа дека ќе завршат до крај на денот.
Што се однесува до Водици, се очекуваат околу 10.000 посетители. Фрлањето на чесниот крст е утре во 10.00 ч. Додека бевме на лице место (околу пладне) беа поставени специјалната бина за сниматели, а беа поставени и тезгите од кои ќе се точи бесплатна топла ракија и вино.


Едни монтираат…


…други демонтираат

На насловна е Муарем од Скопје, задолжен за постепено отстранување на „ѕвезденото небо“ и останатите реквизити. Вели дека има повеќе 500 кабли од по десетина метри кои треба да се соберат.

С. Костоски