Шведска која е позната по еднаквоста меѓу половите, ќе добие нови семафори на кои повеќе нема да бидат фигури од машкиот, туку и од женскиот пол.


„Побаравме од министерството за инфраструктура да смислат лого и да ни поднесат предлози до 1 октомври“.

Идеата потекнала од властите на градот Мариестад, каде е поставена светлосна сигнализација на која жена поминува преку улица.


„Заклучивме дека тоа е добра иницијатива“, вели Јана Викман од министерството за инфраструктура и додава дека семафорите жени би можеле да се појават кон крајот на оваа или почетокот на идната година.

Локалните власти потоа ќе одлучат дали ќе го задржат традиционалниот пешак или ќе му додадат женска колешка.