Поплавени големи површини, активирање на свечилишта, урнати мостови и неколку куќи, евакуирани семејства и загубен човечки живот е билансот од невремето кое ја зафати Албанија.
Најпроблематична е состојбата во приморскиот град Валона каде е регистрирана и првата жртва.Станува збор за 50- годишно лице чие безживотно тело било пронајдено во близина на Радим. Тој работел како чувар, а наеднаш надојдената река го однела додека одел на работа. Во повеќето населби во Валона улиците се претворени во реки, многу деловни објекти и домови се поплавени, а поголем дел од градот е без електрична енергија.
Надојдената река Вердов во Подградец однесе дел од куќа на семејството Абраши, реката во Ерцек однесла со себе голем број грла на ситен добиток, во Фиер евакуирани се триесет семејства, а надојдената река го урнала мостот во Пицар кај јужниот град Ѓирокастро, при што 600 жители се отесечени од светот.
Проблеми со поплавени домови, деловни објекти и земјоделско земјиште има речиси на целата територија на земјата. Министертвото за внатрешни работи соопшти дека активирани се сите надлежни служби чија подготвеност е подигната на највисок степен.
OhridNews
извор МИА