Една жена била убиена, а петмина други ранети во напад со нож во центарот на Лондон. Полицијата соопшти дека првичните индикации сугерираат оти значаен фактор за нападот било ментално нарушеното здравје на напаѓачот. Претходно полицијата оцени дека нападот би можело да биде поврзан со тероризам.

Едно 19 годишно лице било уапсено веднаш по полноќ на плоштадот Расел каде што потоа биле разместени големи полициски сили.

OhridNews
извор РСЕ