Фудбалската федерација на Македонија на редовното годишно Собрание, што се одржа денеска, донесе одлука од следната натпреварувачка сезона 2022/23, да има единствена Втора лига со 16 клубови.

Тоа значи дека од сегашните две Втори лиги, испаѓаат по две екипи, а пласман во новата лига ќе обезбедат екипите кои ќе обезбедат пласман од 2 – 8 место на истокот и западот, двете последно пласирани екипи од Првата лига, двете поразени екипи од баражот за пласман во Прва лига, како и новите второлигаши.

Г.М.