Веќе втора година по ред, социолозите од рускиот центар за проучување на јавното мислење, по повод 1 април прават анкета со жителите во Русија, поставувајќи им серозни прашања во врска со Атлантида.

Оваа година едно од прашањата беше и тоа дали е потребно да се воспостават односи со легендарниот остров, на што една третина од испитаниците немале против. Минатата година на испитаниците им кажувале дека руска подморница ја пронашла Атлантида на дното од океанот и воспоставила односи со нејзините жители. Исто така им било речено и дека сега Русија има територијален спор со Атлантида, на што околу 10% рекле дека Москва треба да се обрати до меѓународниот суд на Обединетите Нации.


Меѓутоа 18% сметаат дека во услови на економска криза тоа не е приоритетен проблем на земјата и дека не треба да се превзема ништо. Од друга страна пак, 52% сметаат дека Русија е обврзана да го штити населението со руски дијалект кое живее на територијата на Атлантида.

Во анкетата учествувале 1600 луѓе од целата територија на Русија.