Едно истражување покажало дека третина од позите во Кама Сутра се неизведливи. Научниците истакнуваат дека некои пози се најверојатно само фантазија на авторот. Се чини дека најстариот еротски прирачник и не е така практичен. Истражувањето кое го спровел индискиот универзитет во Мумбаи покажало дека една третина од позите современиот човек не може да ги изведе.


Седум парови учествувале во истражувањето, а испробани биле 64 пози. Успеале да изведат 40 пози, но за 24 им бил потребен дополнителен тренинг. Триесет проценти од паровите не можеле да изведат повеќе од позите. Научниците ги советувале читателите да не ги испробуваат тешките пози, бидејќи би можеле да се повредат.