Доколку утре би се одржувале парламентарни избори, 28 отсто од гласачите не би излегле да гласаат, 23 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 11 отсто од избирачите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и натаму има највисок рејтинг меѓу политичарите – 23 отсто, наспроти лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски кому му веруваат 8,6 отсто од гласачите.
Во албанскиот политички кампус и натаму најголема доверба има ДУИ, за која би гласале 6 отсто од населението, а за ДПА два отсто.