Скоро една третина од Европејците минатата година купувала на интернет, најчесто туристички патувања, облека и книги, објави оваа недела европската статистичка канцеларија Еуростат.
Според податоците на Еуростат, објавени по повод Европскиот самит на потрошувачи, 32% од Европејците на возраст од 16 до 74 години купиле стоки или услуги преку интернет најмалку еднаш во 2008 година. На тој начин купуваат повеќе од половина жители од Данска, Велика Британија, Германија, Шведска и Финска.
На интернет најмалку купуваат жителите од Бугарија, Романија, Латвија, Грција и Кипар, односно помалку од 10%.
Во повеќето држави најчесто купуваат луѓе на возраст од 25 до 34 години.
Туристичките патувања на интернет најмногу ги купуваат Финците, книгите и списанијата ги купуваат жителите на Луксембург, Германците купуваат апарати за домаќинство додека Британците филмови и музика.