На празникот Иванден, црквата Св. Јован Канео, еден од најпрепознатливите симболи на Охрид, блесна во ново светло. На иницијатива на проф. д-р Зоран Тунтев Лајонс клубот „Лихнидос“ изведе нов потфат, со кој овој древен храм конечно е осветлен како што доликува.

Со новото светло само ја потенцираме оваа несекојдневна убавина, која никого не остава рамнодушен. – вели професорот Тунтев.

Осветлувањето на црквата Св. Јован Канео во истоимената охридска населба е дел од мега проектот „Охрид – град на светлината“, со кој ќе се овозможи атрактивен туристички разглед на стариот град во ноќните часови.

Се започна од црквата Св. Богородица Перивлепта, каде беше поставено ново внатрешно  и надворешно осветлување, потоа Св. Софија, каде освен светла надворешно е поставена и прекрасна икона на Св. Бородица која исто така е соодветно осветлена и Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник.

 

Г.М.
фото: Емил Јовановиќ