Едно истражување покажало дека повеќето луѓе кои редовно конзумираат 100 милиграми кофеин дневно ќе почуствуваат апстиненциска криза кога нагло ќе престанат да го конзумираат. Имено, станува збор за три лименки сок или една до две шолји кафе дневно. Авторот Мареј Карпентер во книгата „Кофеинисани“ пишува дека дури и ако станете зависни од кофеин, конзумирањето неколку стотини милограми дневно не е причина за загриженост, бидејќи за поголемиот број возрасни лица умерено конзумирање се смета помеѓу 300 и 400 милиграми дневно. Таа наведува дека најчести проблеми поврзани со кофениот се несоницата и зголемената напнатост, но истакнува дека ефектот на кофеинот врз сонот е многу индивидуален.
Карпентер, исто така, наведува дека кофеинот снажно делува на зголемувањето на психичката острина и фокус, но предупредува дека тие позитивни ефекти обично се намалуваат после долг период на користење кофеин. Пишувајќи за составот на кофеинот, Карпентер наведува дека ист, без оглед на тоа дали неговото потекло е од некоја билка или настанал во лабораторија. Таа заклучува дека синтетичкиот е поефтин и поесто се користи, но доколку обата се чисти, имаат исти ефекти. Според неа, нема ништо лошо во природниот кофеин, но од него нема да имате некоја корист по здравјето.