Охридскиот Карате –  До Клуб “Шидокан” имаше успешен настап на Меѓународниот Карате Куп “SHIESEIKAN CUP” во Софија – Бугарија, во организација на Интернационалната Јапонска Карате Асоцијација.


Охриѓани освоија 5 медала од кои две сребра во кати јуниори до 13 и до 15 години и три бронзи во борби за јуниори до 13, 15 и 18 години.На купот учествуваа 5 држави со над 200 натпреватувачи во сите категории.


Освојувачи на медалите се :
Александар Димоски  во јуниори до 13 години освои сребро во кати и бронза во борби
Кристијан Ангелоски  во јуниори  до 13 години освои бронза и 3-то место во борби
Наум Мишески во јуниори  до 15 години освои сребро и 2-ро место во кати
Наум Калачоски  во јуниори до 18 години осво бронза и 3-то место во борби

Ohridnews