Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике и музичката ѕвезда, Шакира се вистински пример за одличен брак на две познати личности. Пике и Шакира имаа два сина Милан и Саша, а фудбалерот во интервју за шпанските медиуми откри како дошло до средбата со пејачката.
Прв пат се сретнавме во Мадрид на снимањето на официјалната химна „Вака вака“ за Мундијалот во Јужна Африка 2010 година. И го побарав бројот и првата порака и ја испратив само што стигна во Јужна Африка. Ја прашав какво е времето, а таа брзо ми одговори дека не е топло и да си понесам облека. – изјави Пике.
Допишувањето продолжило во текот на Мундијалот.
Играњето во финалето беше единствена прилика повторно да се сретнеме и така бидна. Ние игравме во финалето и победивме, а Шакира дојде и ми честиташе. Комуникацијата продолжи и заврши со излегување, врска и брак. – рече Пике.
Пике беше стартер на сите мечеви и една од главните алки во Шпанија на Светското првенство 2010 година. „Црвената фурија“ во финалето ја совлада Холандија со минимални 1-0.
OhridNews