Доколку една од животните желби ви е да го запознаете славниот актер Бред Пит, сега имате големи шанси за тоа. Имено, десет среќни обожавателки ќе имаат прилика да посетат ексклузивен хуманитарен настан, на кој ќе се дружат со Бред Пит и ќе ги гледаат настапите на Бруно Марс и групата “Kings of Leon”. За нештото да биде уште поексклузивно, победниците во натпрварот ќе отседнат во хотел со пет ѕвезди за време на целиот настан.
Обожавателите кои сакаат да бидат дел од ова натпреварување можат да се пријават на сајтот на фондацијата “Make it right”, каде ќе бидат избрани по случаен избор. Меѓутоа, доколку сакате да го загарантирате своето место со Бред Пит, потребно е да уплатите 15 илјади фунти на сметката на оваа фондација. Извлекувањето ќе биде одржано на шести мај.