Тој бил пријавен за исчезнат на 29-ти октомври од страна на неговото семејство, а според првичните информации од истрагата смртта настапила како резултат на давење.
– На телото на починатиот не се забележани траги од насилство, по што истото е предадено на семејството, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Стефан Димоски
Во меѓувреме охридската полиција ја продолжува потрагата по триесет и пет годишната Лета Цветаноска – Лазареска која исчезна на 25-ти октомври. Полицијата извршила повеќе информативни разговори, а се анализира и чантата на исчезнатата која беше пронајена во близина на поранешното детско одморалиште, но засега истрагата тапка во место.
– Направен е разговор со членовите на потесното семејство на исчезнатото лице и граѓани, се сумираат анкетите и заедно со другите активности на терен треба да придонесат за пронаоѓање на лицето, рече Димоски, кој додаде дека во потрагата се вклучени сите ресурси на СВР Охрид.