Традиционално, една минута по полноќ со собир пред Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ беше означен почетокот на предизборната кампања за локалните избори на 15 октомври.
Пред големиот број присутни граѓани се обратија претседателот на ОК и носител на советничката листа Д-р Кирил Пецаков, актуелниот градоначалник Д-р Никола Бакрачески и кандидатот за градоначалник Д-р Митко Тилевски.
На крајот беше упатена покана до сите граѓани за митингот што вечерва ќе се одржи со почеток во 19 часот на градскиот плоштад со кој ВМРО ДПМНЕ официјално од Охрид ја започнува предизборната кампања.
OhridNews