Подготовките на ракометниот клуб Охрид за престојната сезона во Супер лигата влегуваат во последната завршна фаза.
„Гладијаторите“ в среда со почеток во 19 часот во „Билјанини Извори“ ќе одиграат контролна средба со составот на Работник од Битола кој го предводат македонските ракометни легенди Иван Маркоски и Александар Зарков.
Охридските ракометари ќе бидат дел од меморијалниот турнир кој го организира екипата на Прилеп. На турнирот кој ќе трае три дена покрај домаќинот и Охрид ќе учествуваат Пелистер и Радовиш.
Прв ривал на охриѓани ќе биде битолски Пелистер потоа ќе ги одмерат силите со Прилеп, а во последниот ден од турнирот ќе се судрат со Радовиш.
Мх.П.