REBEL OHRID

Од 20.07.2023 - 22:00 до 21.07.2023 - 04:00

Охрид од секогаш имал вкус за добра музика и речиси во секое време имал место кое нуди квалитетна забава во вистинска смисла на зборот. Пред една година клубот „Rebel“ внесе свежина на забавната сцена во Охрид со уникатен концепт, квалитетна понуда и извонредна програма.

Следејќи ги глобалните трендови „Rebel“ изминатите 365 дена во Охрид претстави седумдесеттина истакнати музички артисти и диџеи добро познати на интернационалната, регионалната и домашната сцена, од различни правци и стилови, во чија изведба подеднакво уживаа како охриѓани, така и туристите со сенс за добра забава.

Забавите во „Rebel“ надополнети со моќен звук и визуелни ефекти високо ја подигнаа летвичката на квалитетна клупска понуда која целосно се разликува од конкуренцијата, што го прави ова „бунтовничко“ место исклучително и единствено на свој начин.

Првиот роденден клубот „Rebel“ ќе го прослави со својата верна публика и пријателите пред кои, овој четврток, 20 јули, ќе настапи исклучителната Тамара Тодевска.

Роденденската забава, всушност и ќе ја отвори летната сезона во „Rebel“ каде во нареднит период ќе настапат познати музички имиња од клупската сцена.

Забавата во „Rebel“ викендов ќе продолжи со настап на Dj Nasty Deluxe, како и City of Drums Black Label од Минхен, Германија, во петок, 21 јули и на Christian Smith & Drunken Kong од Шведска, односно Јапонија, кои ќе настапат на 22 јули, сабота.

Забавите во „Rebel“ почнуваат во 23:45 часот.

Покрај квалитетни музички забави, клубот „Rebel“ ова лето ќе биде сцена и на најдобрите стендап комичари од земјава и регионот, кои ќе настапат тука во рамки на фестивалот „Summer comedy marathon“ 2023.

OhridNews