По повод одбележувањето на првата годишнина од Музичкиот фестивал “ОХРИД ТЕ САКАМ” вечерва во 20.30 часот во основното училиште „Методи Патче“ ќе се одржи свечен концерт.
На концертот ќе настапат Емилија Маринова (пијано и вокал) Дамјан Пејчиноски(гитара), Јордан Манов (тапани), Митко Серафимоски(кавал) и машки камерен хор Св.Климент Охридски. Ќе биде вечер посветена на македонската музика на коај ќе бидат изведени преработки на многу познати народни песни (Јано мори, Назад назад Калино моме, Сношти минав крај рајската градина…..), а исто така Емилија Маринова ќе изведе неколку свои композиции на пијано меѓу кои и композицијата Охрид те сакам која ја има напишано за време на нејзиниот престој во Рим чиј наслов сега го носи овој фестивал.