Денес се навршува една година од ненадејната смрт на проф. д-р Јован Стојаноски, кој во 2017 година беше избран за Градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ.
Годинава, на прерано починатиот градоначалник му беше постхумно, доделено највисокото општинско признание „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2019 година. Со постхумното доделување на највисокото општинско признание, наградата „Патронот на градот – Св. Климент Охридски“, на градоначалникот Стојаноски му се оддава должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.