Денеска се навршува една година од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Јапонија, во кој животот го загубија над 15.000 луѓе, 3200 сеуште се водат за исчезнати, а над сто илјади останаа без своите домови.

Земјотресот што ја погоди Јапонија предизвика разорно цунами со бранови високи и до 40 метри кои збришаа од лицето на земјата голем број градови и села, рушејќи се пред себе. Земјотресот и цунамито предизвикаа големи оштетувања на нуклеарната централа во Фукушима, проследени со радијација од која последиците се’ уште силно се чувствуваат и денес. Јапонските власти соопштија дека ќе бидат потребни 30 години за да се нормализира состојбата во реонот на Фукушима каде беше измерена радијација 200 пати повисока од дозволената. Една година подоцна Фукушима е град на духови, луѓето ги напуштија своите домови, а побегнаа дури и животните.


Катастрофата што на 11 март 2011 година ја погоди Јапонија е најскапата природна катастрофа во историјата на човештвото, a штетите од неа се проценуваат на околу 210 милијарди долари.

OhridNews