Лајонс клубот Десарети  од Охрид  одбележува една година од формирањето. По овој повод вечерва во хотелот “Ројал” ќе се одржи хуманитарна вечер  на која, меѓу другитете се поканети  и претставници од Лајонс кубот Охрид како и од Ротари клубот.

Со средствата од оваа хуманитарна вечер ќе се поставува звучна сигнализација на пофрекфентните крстосници во градов, наменета за лицата со оштетен вид.

Во текот на изминатата година лајонс клубот-Десарети организираше повеќе акции со хуманитарен карактер.

Ohridnews