„Нуга Бест“ е јужнокорејска медицинска компанија која ги комбинира принципите на западната и алтернативната медицина. Компанијата „Nuga medical“ произведува медицински производи за превенција и подобрување на здравјето. Таа претставува компанија од светски размери, а воедно е бренд број 1 четири пати по ред во областа на медицински помагала наменети за домашна употреба. Распространета е во над 150 земји во светот и брои 5.500 филијали, а во Македонија е присутна веќе седум години. Од минатиот февруари и во Охрид. По повод првиот роденден, Центарот „Нуга Бест“ во Охрид, од 8 до 13 февруари, ги наградува охриѓани со бесплатни третмани, промоции и подароци. За работата и здравствените придобивки од медицинските производи и третмани на светски познатата франшиза, разговаравме со Марина Златеска – менаџер во „Нуга Бест“ Охрид. Таа се осврнува и на актуелната пандемија, како и на идните планови на центарот кој за една година стана здрава навика на охриѓани.
ON: Што е „Нуга Бест“?
Марина Златеска: „Нуга Бест“ е нов начин на живот, филозофија на живеење.
ON: Од кога овој бренд е присутен во Охрид и како можат заинтересираните лица да ве најдат?
Марина Златеска: „Нуга Бест“ напредна медицинска опрема во служба на вашето здравје. Со овој слоган пред една година, на 12 Февруари 2020, беше отворен салонот „Нуга Бест“ во Охрид на улица „Мите Богоевски“ бр.1 (во близина на Општината и Економското училиште).
ON: Како „Нуга Бест“ влијае на здравјето на луѓето, за што се препорачува?
Марина Златеска: „Нуга Бест“ производите се медицински помагала за третирање на деформитетите во р’бетниот столб, асма и алергија, намален имунитет, депресија, несоница и многу повеќе. Креветот N5 за топлинска масажа, се покажа како многу ефикасна терапија против ревматизам, артритис, болки во вратот, р’бетот и слично. Со редовна употреба, му помага на телото да го обнови имунолошкиот систем со обезбедување на потребните услови за тоа. Производите се наменети за превенција, што јас лично сметам дека е најважна за здрав организам.
ON: Каквви третмани им се на располагање на охриѓани и посетителите, кој се може да ги користи услугите на „Нуга Бест“, има ли некакви ограничувања?
Марина Златеска: „Нуга Бест“ компанијата нуди кратки и долги медицински релакс третмани за превенција и третирање на телото, а можат да ги користат сите клиенти почнуваќи од четири годишна возраст.
ON: „Нуга Бест“ рековте е начин на живот, како го прифатија охриѓани?
Марина Златеска: Охриѓани безрезервно го прифатија новиот начин на живот. Уште од самиот почеток наидовме на многу позитивни реакции и коментари и тоа е уште еден доказ дека е донесена правилна одлука за отворање на овој центар во градот.
ON: Какви совети им давате на клиентите?
Марина Златеска: За да го зачуваме здравјето и да обезбедиме среќен и здрав живот треба да се превенираме на време. Затоа искористете ја можноста да се превенирате и третирате на време секојдневно со нашите терапии, за да ги избегнеме сите видови на заболувања.
ON: Дали вие практикувате „Нуга Бест“, кој е вашиот фаворит?
Марина Златеска: Дел од производите ги имаме во домот веќе пет години така што секојдневно ги користиме со семејството. Омилен производ ми е креветот N5 без кој не можам да го започнам работниот ден, тоурманиумската лента за грло за превентива и маската за лице која ми помага во спречување во процесот на стареење.
ON: Ковид кризата покажа дека здравјето е највредното нешто, а добриот имунитет е најдобра заштита. Како влијае пандемијата на вас и на „Нуга Бест“ воопшто, што во една ваква ситуација им препорачувате на граѓаните, како да го чуваат своето здравје?
Марина Златеска: 2020 беше тешка година за сите нас, но ја издржавме храбро. Голем беше предизвикот да се работи во услови на корона криза. За време на пандемијата и корона кризата „Нуга Бест“ Охрид работи согласно сите мерки на заштита на здравјето на нашите клиенти. Оваа 2020 не научи дека здравјето е најголемото богатство и нема ништо поважно од здравјето на овој свет. 2021 година нека ни биде година на подобро здравје, позитивна мисла, многу љубов и поголема свест за најважното нешто во животот.
ON: Колку сте задоволни од досегашната работа на „Нуга Бест“ во Охрид?
Марина Златеска: По една година имаме многу задоволни клиенти кои ги решиле или ублажиле своите здравствени проблеми и нивните сведоштва се нашата најголема реклама.
ON: Кои се вашите идни планови?
Марина Златеска: Најголемото очекување во 2021 е полека но сигурно да исчезне оваа пандемија и да продолжам во градење на моите цели и визија – поголема посветеност, задоволни клиенти и проширување во нов центар.
ON: Што ќе им порачате на охриѓани?
Марина Златеска: „Нуга Бест“ е посветена да го практикува духот на здравјето, љубовта и нов начин на здрав живот. Дојдете во „Нуга Бест“ за да ја почувствувате и доживеете филозофијата на живеењето. Здрави и задоволни клиенти е нашата единствена цел. Затоа посетете не и користете ги редовно нашите терапии, нема никогаш да се покаете.
OhridNews