Tuareg-от во кој загина Тоше
Момчето со ангелски глас и љубов за сите потекна од скромно и честито семејство од Крушево кое уште од најрани години му ги всади вистинските вредности кои го водеа низ целиот живот. Тоше ги имаше сите атрибути да биде ѕвезда:вокал, одамна нечуен на овие простори, харизма, прекрасни топли очи полни сољубов, огромно хумано срце отворено за сите и пред се верба во Бога. Беше голем затоа што за неговите дела во најголем дел разбравме по неговата смрт, затоа што за тоа знаеја само тие на кои им помогнал, што е одлика само на големите луѓе. Неговата музика преполна со емоции допре до срцата на милиони луѓе и сите го чувствуваа како свој. Затоа и огромна беше болката од неговото заминување затоа што многумина почувствуваа дека загубиле некој најблизок.
Плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид ден по смртта на Тоше
Во целата измината година ниту еден ден не помина неговите фанови да не го посетат неговиот гроб во Крушево. Постојано и на сите канали од балканските телевизии се вртеа неговите песни. Неговата менаџерка Лилјана Петровиќ која изјави дека до крајот на својот живот ќе остане само негова менаџерка се посвети на зачувување на неговиот лик и исполнување на неговите неисполнети желби.За 27-миот роденден му купи гитара која му ја ветила, а заедно со неговиот англиски продуцент Енди Рајт го подготвува издавањето на неговиот англиски албум од кој веќе беше пуштен синглот The hardest thing.
Тоше и Енди Рајт
На годишнината од неговиот последен концерт одржан во Скопје на Градскиот стадион се одржа концерт во негова чест насловен како Тоше, те сакаме сите. На концертот беа исполнети уште две негови желби: Градски беше полн како никогаш дотогаш, 40 000 луѓе направија ѕвездено небо само за него и беше промовиран неговиот дует со внукот Кристијан.
Ѕвездено небо за македонскиот ангел
Во меѓувреме беше формирана фондацијата „Тоше Проески“, се собраа многу донации за довршување на обновата на манастирот„Свето преображение“ што беше негова животна желба, а со донација на владата на Македонија се изгради и патот до манастирот. Неговиот живот и музика секојдневно се инспирација за многу луѓе. Направи толку многу за своите 26 години живот, ги достигна небесните височини затоа што беше ангел и затоа што само небото е граница за него…