Една година, околу стотина дечиња поделени во четири групи во зависност од возраста под тренерската палка на проф. Гоце Тасески се запознаваат со тајните во кошаркаската игра.
–
Најмалите кошаркарски “ѕвезди” се на возраст од 6-8 години, во втората група членуваат деца на возраст од 9-12 години, додека во третата група тренираат најталентираните и најдобрите млади кошаркари на возраст од 11-13 години. Со овие деца се работи според посебна програма и специјални тренинзи се со цел подобро да ја совладаат кошаркарската игра- вели Тасески. Покрај момчињата дисциплинирано и напорно тренира и група девојчиња кои ги покажуваат првите кошаркарски резултати, додава Тасески.
Сите заинтересирани деца кои би сакале да бидат дел од кошаркарската игра треба да дојдат за време на тренинзите во училишната спортска сала во О.У.Христо Узунов секој понеделник и среда од 19 до 21 часот или сабота од 9 до 13 часот и да станат членови на К.К “Старс“-Охрид.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com