Охридската тенисерка Тања Стојановска, која е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, најголем државен универзитет во државата Њујорк, забележа 4 победи на сите мечеви кои ги играше нејзиниот Универзитет во нивната MAC (Mid-American Conference), настапувајќи на првата позиција.


Перфектниот скор придонесе Стојановска да биде прогласена за спортистка на неделата од  MAC Конференцијата, во сите 11 женски спортови.


Иако е студентка на прва година охриѓанката за кратко време се избори да игра на првата позиција за својот Универзитет, и постигна забележителни резултати на тениските турнири и мечеви во Конференцијата.

Ohridnews