По 11 условни затворски казни од три месеци денес судот изрече една година затвор за демонстрант кој е обвинет за учество на протестите на 5 мај годинава. Тој не ја слушна пресудата бидејќи е во бегство. Судот одлучи да му го продолжи притворот но тој ке се реализира откако полицијата ќе го принајде.
Откако судот пресуди затворски казни за студенти, вработени, момче со два факултета, алкохоличар со психички проблеми, денес затворска казна доби и осуден надрилекар. Сите се дел од групата која според обвинителството учествувале во немирите пред владата. Адвокатите на осудените задоволни од пресудата, пред се за оние кои вендаш излегуваат од притвор по еден месец престој во Шутка.
Осудениот демонстрант е првиот кој доби ефективна затворска казна. Бидејќи полицијата не може да го пронајде, судот одлучи тој,по евентуалното приведување, веднаш да биде однесен во притвор кој ќе трае до правосилност на пресудата. Судот денеска изрече уште три условни пресуди. Сите демонстранти признаа дека учествувале во немирите и дека се каат за сторено. Сите беа единствени во изјавите дека не се дел од групата која се тепаше со полицијата.
Со оваа последна група притворени заврши првата фаза од судските процеси за протестите пред владата. Од вкупно 18 обвинети сега само еден е во притвор бидејќи чека судско рочиште. Нему и на уште едно момче ќе им се суди бидејќи не признаа вина. Тврдат дека не учествувале во толпата која се тепала туку само биле во близина. Ова според одбараната се гледало и на снимките од настаните кои ќе бидат презентирани во судница во петок.
OhridNews
извор Телма