Задоволни клиенти и врвна професионална услуга, ја одбележаa првата година од работењето на ултра модерниот центар за убавина „Перфекта“ во Струга.

Првиот роденден “Beauty center PERFEKTA” го прослави во работна атмосфера и убав празничен амбиент кој ги релаксира и опушта бројните клиенти.

Центарот за убавина „Перфекта“ располага со најсовремена опрема и препарати за разубавување. На клиентите им нуди најразлични третмани за нега и убавина, депилација, маникир, педикир, свилени трепки, третмани за отстранување на целулит, релакс и медицинска масажа… 

Центарот за убавина „Перфекта“ во Струга се наоѓа на улицата „Партизанска“.

OhridNews
фото: “Zebra production”