Само една единка дивокоза била регистрирана во Националниот парк Галичица при спроведено пребројување на популацијата од страна на Македонското еколошко друштво.

Како дел од нашата соработка со Национален парк Галичица спроведовме пребројување на популацијата на дивокоза на територијата на паркот. Овојпат регистриравме само една единка. Со пребројувањето диви животни стекнуваме важни информации за популациите и придонесуваме за зачувување на биолошката разновидност во Националниот парк, посочуваат.

Воедно, додаваат дека заедно со НП Галичица продолжуваат да работат во насока на зачувување на овие прекрасни планински видови.

Во Националиниот парк Галичица дивокозата живее во природни и полу-природни суви тревести екосистеми и на карпести живеалишта и истата е заштитена со Европскиот документ „Директивата за живеалишта II/IV “.

OhridNews

фото. Македонско еколошко друштво