Природните богатства, визијата и ценетата традиционална изработка, од најубавите билки рапослани на недопрените македонски планини го создадоа „Смидџин“ – единствен македонски крафт џин, произведен по традиционална „London Dry“ технологија. Главните состојки во неговото производство, смреката и планински чај, доаѓаат од охридската убавица Галичица, а во него има уште 12 различни билки од повеќе места во Македонија.

Сите состојки за производство на „Смидџин“ се купуваат исклучиво во Македонија од берачи, кои внимателно се избираат. За дестилација се користат само најдобрите свежи бобинки од смрека, а планинскиот чај совршено ја надополнува свежината на смрека и ароми и вкусови на другите автохтони билки. Комбинацијата на состојки создава исклучително квалитетен рачно изработен џин.

„Смидџин“ се дестилира во историската зграда на МЦМ, куќата на семејството Рубен, во скопско Дебар маало. Дестилеријата е опремена за занаетчиство производство и користи традиционални бакарни казани, додека шишињата се полнат и означуваат рачно.

Неодамна, Смидџин освои два златни медали на еден од најпрестижните натпревари во светот “The Gin Guide”, при што се вброи во најдобрите шест џина во светот.

Смидџин во Охрид ексклузивно може да го најдете во продажните места на „Дисконт Рај”, на Булевар „Туристичка“ и на ул. „Јане Сандански“.

OhridNews