Кеико Фукуда има 98 години и е првата, и засега единствена жена која го има највисокото признание во џудото, односно црн појас десетти дан. Исто така таа е единствениот жив ученик на Кан Џигор, основоположникот на џудото како боречка вештина. Кеико моментално е еден од четирите џудо мајстори на светот. Почнала да тренира во триесеттите години на минатиот век, а моментално живее во Сан Франциско.


Дури триесет години била на петтиот степен, бидејќи врховната организација на џудото, Кокодан, сексистички заклучила дека на жените не треба да им се даде можност за повисок степен. Нејзините следбеници и ученици ви 2001 година иницирале петиција да и се даде деветти степен. Одговорот бил едноставно негативен, бидејќи жените никогаш не биле на деветти степен и немало потреба за промена. Успеала дури во 2006 година. За Кеико и нејзиниот живот бил снимен документарен филм со име „Биди снажна, биди нежна, биди убава“.