Единствената фотографија на Били Кид, најпознатиот американски одметник од Дивиот Запад, била продадена за 2,3 милиони долари на аукција одржана во Денвер. Били Кид, роден 1859 година, платил 25 центи за да се фотографира пред салунот во Ново Мексико, на крајот на 1880 или на почетокот на 1881 година.
На главата носи изгужван шешир, а на себе има повеќе слоеви облека. Десната рака му стои на пушка „Винчестер“, а од левата страна во футрола носи пиштол „Колт“. Почетната цена за фотографијата си димензии пет на осум сантиметри била 150 илјади долари. Одметникот, кој според легендата убил 21 лице, по едно за секоја година од животот, бил убиен 1881 година од еден шериф во Ново Мексико.