Новото, единаесетто по ред издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, што излезе од печат неодамна, на 40 страници и овој пат донесува интересни содржини, кои, овој пат, се во знакот на есента.
Есента е време на промени кои влијаат врз нашето здравје. Како да се заштитиме во ова годишно време и да ги ползуваме плодовите на природата кое тоа ги носи, прочитајте во новиот број на „Наше Здравје“
Подготвивме содржајни текстови, кои, ненаметливо едуцираат на што сѐ треба да внимаваме за да бидеме здрави. Го разработуваме проблемот со ишијасот и нудиме совети како да ги надминеме или да ги ублажиме неговите негативни ефекти врз здравјето. Ги следиме вашите потреби и отвораме нова тема за младите родители за заштита на децата во сообраќајот, а експертите од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и овој пат подготвија корисни совети како да го заштитиме и подобриме нашето орално здравје. Во овој број донесуваме и разговор со еден од нашите најдобри очни хирурзи, д-р Виолета Бучковска, медицински директор на најмладата и најпросперитетна очна болница во нашата земја – „Деница“. – вели главниот и одговорен уредник на магазинот Марица Угриноска Баткоска.
Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да го најдете во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и други препознатливи места во регионот.
OhridNews