Ристо Лазаров
Според филозофот Ферид Мухиќ, стравот е поврзан со имањето или немањето слобода. „Најголем дел од луѓето повеќе ја сакаат сигурноста од слободата, но сигурност без слобода застрашува“, вели Мухиќ.
Според писателот Луан Старова литературата е чувар на идентитетот, но таа во Македонија се повеќе ја губи својата позиција, а писателите се маргинализирани. Старова смета дека македонските интелектуалци како и интелектуалците од другите земји во транзиција, не се снашле најдобро и го немаат зачувано својот идентитет. Денес отсуствува интелектуалната критика, смета Старова.
Луан Старова
Според професор Стефан Влахов Мицов интелектуалците на Балканот се тесно поврзани со политиката, што всушност ги прави државни а не независни интелектуалци кои размислуваат слободно и со своја глава.
11-та Охридска ПЕН конференција
Охридската ПЕН конференција со работа продолжува викендов кога ќе се одржи и состанокот на Комитетот за превод и јазични права.