Единаесет луѓе се повредени во силна експлозија од којашто е целосно урната фасадата на зграда во центарот на белгискиот град Вервие, пренесува „Макфакс“. 

„Фасадата е целосно урната, така што може да се види внатрешноста на становите. Со полесни повреди се здобиле 11 луѓе“, се вели во извештајот на телевизијата RTL.

Се додава дека поради детонацијата итно биле евакуирани и 15 станари од соседната зграда.

Полицијата веднаш го обезбедила местото на инцидентот. Според првичните сознанија, станува збор за експлозија предизвикана од истекување на гас за домаќинства.

Кон крајот на ноември во Вервие беше спроведена голема антитерористичка операција, во потрага по лица осомничени за вмешаност во терористичките напади од 13-ти ноември во Париз.

OhridNews
извор:„Макфакс“