Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, Бобан Бабунски го објави списокот на фудбалери на кои смета за претстојниот пријателски натпревар со Србија што ќе се одигра на 3 Март на стадионот „Борис Трајковски” во скопската населба Маџари.

На списокот на Бабунски се најдоа:
Голмани: Наумовски Кристијан – Ф.К.Работнички, Ефремов Андреја – Ф.К.Металург

Одбрана: Ристовски Стефан – Ф.К.Парма, Италија, Георгиевски Даниел – Ф.К.Меѓумурје, Хрватска, Димитровски Владимир – Ф.К.Металург,Лазевски Александар – Ф.К.Телеоптик, Србија, Урдинов Јани – Ф.К.Рода, Холандија,

Среден ред:Станков Антонио – Ф.К.Рода, Холандија, Стојков Драган – Ф.К.Раднички.К, Србија,Петрович Милован – Ф.К.Победа,Спировски Стефан – Ф.К.Борац – Чачак, Србија, Петров Филип – Ф.К.Јавор, Србија, Муарем Муарем – Ф.К.Работнички, Гафури  Арџент – Ф.К.Ренова,

Напад: Ибраими Агим – Ф.К.Олимпија, Словенија, Фазли Самир – Ф.К.Херенвен, Холандија, Георгиев Драган – Ф.К.Турново, Алтипармаковски Маријан – Ф.К.Пелистер, Станков Александар – Ф.К.Рода, Холандија, Петковски Филип – Ф.К.Работнички.

Собирот на репрезентативците е закажан за први март, а по тој повод Бабунски на официјалната веб страна на ФФМ рече:

“Ова е составот кој полека но сигурно се профилира низ претходните средби. За разлика од квалификациските средби со Англија, Грција, Португалија и Литванија кога игравме добро но испуштивме поволни резултати овојпат ќе барам од играчите да играат мудро, стрпливо, полетно на терен со желба да се постигне гол повеќе од противникот. Србија е извонредно квалитетна репрезентација, секогаш во врвот на европскиот младински фудбал и очекувам добра проверка на нашиот потенцијал и формата на репрезентативците”.

Ohridnews