По повод 20-годишнината од првото искачување на Македонец на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, од страна на битолскиот алпинист Диме Илиески – Мурато, најмладиот охридски планинар Дамјан Танески, деновиве го искачи највисокиот врв на планината Галичица – „Магаро“ 2245 м.н.в.

Дамјан го освои Магаро со помош на неговиот татко, познатиот охридски планинар, Мишко Танески. По првиот подвиг Дамјан најавува искачување на други, повисоки врвови. Не џабе се рекло, каков татко таков син.


Единаесет годишниот Дамјан го освои “Магаро“ во чест на Мурато

Инаку првата македонска експедиција на покривот на светот се искачи на 10 мај 1989. За жал успехот беше засенет од големата трагедија што му се случи на Диме Илиески – Мурато кој по освојувањето на Монт Еверест не успеа да се спушти до најблискиот камп и остана во вечен сон на ледените врвови на Хималаите.

Ohridnews