Градскиот фудбалски клуб Охрид го скрши мразот и го официјализираше првото засилување во летниот преоден рок. Се работи за Един Мерсовски кој во охридските редови ќе се пресели од тимот на Кораб.

25-годишниот фудбалер со второлигашкото искуство и желбата за игра, треба да биде големо засилување за охриѓани. Популарниот Џеко кој беше капитен на Кораб се обврза на едногодишна соработка со охридскиот клуб.

Охрид, официјално ја прекина соработката со офанзивецот Вецко Вренцоски и дефанзивецот Александар Василев кој премина во стручниот штаб на Беласица. Нови договори со клубот потпишаа поголем дел од играчите, кои го носеа дресот на „рибарите“ во дебитанската сезона во Втората лига.

OhridNews