Комичарот и актер Еди Марфи рекол дека му е доста од снимање филмови кои се промашување, и дека поради тоа ќе сними ново продолжение на филмот „Полицаецот од Беверли Хилс“. Токму оваа франшиза била отскочна даска во неговата кариера, па и не чуди што одлучил да се врати на своите корени и ликот на детективот Аксел Фоли.
Марфи рекол дека му здодеало да биде промашување и дека во последно време неговите филмови не биле баш најдобри, така да сега бил во договор со режисерот Брет Ратнери одлучиле да снимат ново продолжение на филмот „Полицаецот од Беверли Хилс“. Актерот рекол дека сценариото моментално е во изработка и дека не знае кога точно ќе почнат со снимање.