Актерот Еди Марфи доби ќерка, станувајќи татко по деветти пат, соопштија светските медиуми. Како што е наведено, 55-годишниот актер и неговата 36-годишна девојка Пејџ Бакер го добија своето прво заедничко дете, а ќерката родена во вторникот утрото доби име Изи Уна Марфи. Марфи има уште осум деца, вклучувајќи пет со поранешната сопруга Никол Мичел, со која беше во брак од 1993 го 2006 година, а ова е прво дете за Пејџ.

 

Еди Марфи се прослави како комичар во 1980 година кога се придружи на екипата во емисијата „Saturday night live“ после што наскоро зазеде важно место и во филмската индустрија. Марфи е познат по улогите во филмовите „Најдобра одбрана“, „Метро“, „Откачениот професор“, „Тркало на среќата“, „Јас шпиун“, „48 часа“, како и по серијалот „Полицаецот од Беверли Хилс“.