Во план е снимање на четврто продолжение во филмот „Полицаецот од Беверли Хилс“, во кој повторно главната улога ќе ја игра Еди Марфи, најавила компанијата „Парамаунт пикчрс“. Големиот интерес за овој филм ја натерал компанијата да ја оживее оваа франшиза и да сними уште едно продолжение. Еди Марфи уште еднаш ќе се појави во улогата на Аксел Фоли, а дејството ќе биде фокусирано на неговиот син Арон, кој ќе го глуми Брендон Т. Џексон.

За сценариото е задолжен тандемот кој го напишпал сценариото за последниот филм од франшизата Невозможна Мисија. Третиот и засега последен дел од филмот Полицаецот од Беверли Хилс во кината се појавил пред речиси две децении. Еди Марфи во 1984 година за прв пат го толкувал ликот на полицаецот од Детрооит Аксел Фоли, кој оди во Лос Анџелес како би ја истражил мистериозната смрт на својот пријател.