Познатиот актер Еди Марфи открил дека последен пат уживал во алкохол пред 18 години, кога бил на меден месец со поранешната сопруга Никол Мичел. Во таа прилика актерот испил три чаши шампањско, кои му предизвикале мамурлук и главоболка. Тоа било толку лошо искуство за него, што цврсто решил дека никогаш повеќе во животот нема да проба алкохол.
Тој раскажал дека кога ги испил тие три чаши шампањско во првите пет минути се чувствувал одлично, а после тоа му било грозно и одлучил дека тоа искуство нема никогаш повеќе да го повтори. Додал дека се напил само два пати во животот. Исто така изјавил дека бил љубоморен кога ги гледал луѓето во неговото друштво како пијат и се забавуваат, но знаел дека кога би пробал алкохол би имал големи проблеми.