Еди Марфи е првиот актер на кој ќе му биде врачена наградата „икона на комедијата“, на свеченост која ќе биде одржана на 26 март. Ова признание му се доделува за огормен придонес во комедијата, како и за влијание кое било инспирација на идните генерации забавувачи.


Еди Марфи без сомнение ја заслужува оваа награда, а негови најпознати улоги беа во филмовите „Полицаецот од Беверли Хилс“, „Откачениот професор“ и многу други. Наградата ќе му биде доделена за заслуги на сцената, во филмот и на телевизија.