Комичарот Еди Марфи е фаворит за церемонијал мајстор на следното доделување на Оскарите. Се очекува продуцентот Брет Ратнер името на Еди Марфи да го предложи на претседателот на американската филмска академија Том Серак. Ратнер неодамна соработувал со Еди на комедијата “Tower Heist”, која во кината стигнува на 4 ноември.
До дефинитивната одлука за тоа кој ќе биде водител има уште многу чекори, потсетуваат упатените, а медиумите шпекулираат дека некакви улоги ќе има и Били Кристал, кој во повеќе наврати бил домаќин на церемонијата. Еди Марфи е познат по улогите во филмовите „Полицаецот од Беверли Хилс“, „Откачениот професор“, „Метро“, „Јас шпиун“ и многу други.