Американскиот актер, продуцент и комичар Еди Марфи ја доби наградата Марк Твен за американски хумор која ја доделува Центарот Џон Кенеди за сценска уметност. На актерот наградата, со која се наградуваат поединци за влијание во општеството со комични коментари и сатира во духот на Марк Твен, му беше врачена синоќа во Вашингтон, пренесуваат светските агенции.
Марфи го сврте вниманието кон себе во 1980 година кога се придружи на екипата во телевизиската емисија “Saturday Night life”, а набрзо потоа стана еден од најиплатливите афро-американски актери во филмската индустрија. Меѓу најпознатите негови комедии се „Полицаецот од Беверли Хилс“, „48 часа“, „Доктор Дулитл“ и многу други. Претходни добитници на наградата за хумор се Вупи Голдберг, Били Кристал, Џеј Лено итн.