Голманот на Манчестер сити, Едерсон проговори за својата амбиција да ја освои Лигата на шампионите.

Се обидовме да го направиме тоа и ќе продолжиме да се обидуваме. Бевме во финалето, во полуфиналето, но не постигнавме добар резултат. Мислам дека оваа година сме повеќе од способни да стигнеме до финалето и да се бориме за трофејот. Се разбира, не оди се во фудбалот како што сакате, но ние ќе се обидеме. Одиме по трофејот.

Имаме многу добар тим и можете да видите како се развиваше клубот во изминатите пет или шест години освојувајќи ја Премиер лигата, Лига купот, ФА купот, Суперкупот. Значи, Лигата на шампионите е токму она што му треба на Манчестер сити. Ова го сакаат играчите, тоа го сака Гвардиола. Одиме по трофејот, изјави Едерсон.

Во осминафиналето од Лигата на шампионите „граѓаните“ ќе се сретнат со „Лајпциг“. Првиот натпревар е на 22 февруари во 21 часот.

OhridNews